***MaLeNa*** Администраторка
Број на мислења : 24 Join date : 2008-12-23 Age : 29
| Предмет: Љубовни песни Вто Мај 26, 2009 7:47 pm | |
| Барај ме Барај ме кога зората ќе зазори Кога сонцето ќе излезе на исток Кога небото ќе биде плаво Барај ме кога светот се буди Кога јасминот се смее Кога розата ќе ја почуствува росата Барај ме во тажните мигови Во детскиот крик Барај ме во топлината на дрвјата што горат Во квечерината што доаѓа Во празната постела Барај ме во рацете на вештиот уметник Во неговите бои Во неговото дело Барај ме во разговорот на двајца млади Во нивниот бакнеж Барај ме кога старите дрвја ќе се збогуваат од нивните лисја кога тие ќе паѓаат по скопските улици барај ме кога ќе нема никој кога ќе бидеш сам кога ќе ја осетиш раката на осаменоста барај ме во нејзините очи ако таа биде во твоја близина зошто секогаш беше кога ми беше потребен барај ме во нашите солзи во стариот парк каде што нашата љубов заврши барај ме во денов што трае и тој по него барај ме пред топлиот праг кај затворената врата барај ме во ладната ноќ кога звездите ќе ги бројат твоите чекори барај ме секаде каде што ќе ја видиш мојата љубов само немој да бараш да те заборавам во тоа нема да успеам, едноставно барај ме во есента што доаѓа.
Ситниците прават совршенство, а совршенството не е ситница. Затоа сметај го моето пријателство како дел од твојот живот.
| |
|